ВМРО-ДПМНЕ: Здравјето на граѓаните е загрозено заради инает на власта да прифати сугестија

Од:

„Здравјето нема цена. Секој пропуст при преземањето мерки може да чини човечки живот. Граѓаните не смеат да бидат загрозени заради нечиј интерес, нечија неспособност или инает да се прифати добронамерна сугестија.

Власта несериозно се справува со Корона вирусот. Наши сограѓани се испратени во несоодветни услови во Криволак. Простории кои што треба да бидат карантин, наликуваат на подрум“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Несериозноста е најголемата опасност за државата. Апелираме да се прогласи кризна состојба, а ако затреба и вонредна состојба. Во меѓувреме владата да ги имплементира мерките кои ги предложивме:

1. Целосно затворање на граничните премини освен за лица кои имаат итни и неодложни патувања, воведување на специјален режим за работа на маркети и продавници.

2. Итно замрзнување на обврските на компаниите кон банките и заемодавателите за месец март, чија што работа е погодена од корона вирусот.

3. Државата да ги плати трошоците за вработените во компаниите погодени од корона вирусот во висина од 50-тина проценти.

4. Итно враќање на сето заостанато ДДВ кон компаниите кое што државата им го должи на компаниите.

5. Субвенции за транспортните компании туристичките компании туристичките центри во Македонија, угостителските објекти, шпедициите, и извозните компании во тек на целата година затоа што последиците кои што ќе ги имаат во овие месеци ќе им се одразат во текот на целата година.

6. Формирање на посебно државно контролно тело чија единствена задача ќе биде надзор и контрола на примената на превентивните мерки.

7. Национална набавка на антисептични средства, маски и ракавици и нивно поставување на јавни прометни места како и овозможување на бесплатна употреба и располагање од граѓаните.

8. Обезбедување на бесплатни средства за заштита на работниците под висок ризик од корона вирус, и тука освен здравствените работници, под ризик се и работниците на градилиштата, работниците во јавниот сообраќај, шалтерските работници и редица други професии чија што работа подразбира контакт со лица.

9. Редуцирање на работата на државната администрација, половина од администрацијата да се ослободи од работа и да се направи цикличен распоред во работата на државните органи, со тоа ќе се намали и ризикот од брзо ширење на вирусот.

10. Зголемување, т.е. удвојување на човечките капацитети на работа во здравствените установи непосредно задолжени за справување со последиците од корона вирусот.

11. Овозможување на отворена 24 часа линија за консултации и прашања поврзани со вирусот.

12. Формирање на посебно државно контролно тело чија единствена задача ќе биде надзор и контрола на примената на превентивните мерки

13. Еднократна парична помош и целосно бесплатно лекување за заболените од вирусот.

Ова се сет на економско здравствени мерки, кои мора да се применат. Потребна е грижа за граѓаните. Одговорно однесување е наша обврска“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”