ВМРО-ДПМНЕ: Заштедата со набавката на вакцини, за криминалните умови на СДСМ е штетна

Од:

СДСМ не е навикнат да се набавуваат квалитетни медикаменти по ниски цени. Принципот на работење на СДСМ беше свесно да се држат прескапи цени на лекови, да се создаваат кризи за инсулин, во времиња кога “бизнисмени“ по ходници продаваа стентови и ставаа етикета и цена на човечкиот живот, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на пресот на Злате Мехмедовиќ од СДСМ.

Граѓаните паметат како во време на СДСМ парите во здравството министерот од СДСМ ги трошеше за набавка на скапи ѓердани, наместо за потребите на пациентите.

Затоа заштедата што државата ја има направено преку набавката на вакцини, само криминалните умови во СДСМ ја сметаат за штетна. Тоа им е навика од минатото.

Во конкретниот случај СДСМ уште еднаш покажува врвно непознавање бидејќи постапката за набавка на вакцините против сезонски грип ја спроведуваат Центрите за јавно здравје со сопствени средства и во цената за приватна здравствена услуга спаѓа не само цената на вакцината туку и сите дополнителни трошоци за установата.

Вакцинацијата против сезонски грип не е задолжителна и истата Центрите за јавно здравје ја пружаат како приватна здравствена услуга за која имаат формирано цена години наназад.

СДСМ секогаш кога беше на власт ги штитеше веледрогериите и заедно со нив ги делеше огромните профити. Крадец си останува крадец, јасно е од каде СДСМ ја влече својата логика при изведување заклучоци.

Од денешната изјава точно е едно, а тоа е дека народот на 11-ти декември одлучи да ја порази криминалната политика на СДСМ и нејзиниот лидер, три пати аболицираниот и до гуша во криминал Зоран Заев.

ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да се грижи за здравјето на граѓаните, но и за заштита на интересите на државата и нејзините институции.

Би можело да ве интересира

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана