ВМРО-ДПМНЕ: Зарем треба луѓе да умираат за СДС да излезе со конкретни мерки против загадувањето

Од:

„Македонија се гуши во се позагадениот воздух, а владата на СДС се уште нема излезено со мерки против загадувањето. Зарем треба луѓе да умираат за да излезат со конкретни мерки.

Веќе 6 месеци СДС ветува но нема ништо превземено за да се намали загадувањето на воздухот во Република Македонија. Целокупната одговорност и сите институции кои треба да реагираат се во рацете на СДС.

Потребни се мерки веднаш. Стоп за популизмот, и лажните ветувања. Во прашање е здравјето на илјадници граѓани. Наместо евтин популизам и декларативни заложби потребно е итно дејствување. Пред се владата, но и Шилегов и останатите градоначалници на СДС наместо парадариње треба да си ги засукаат ракавите и да почнат да превземаат мерки за почист воздух. Граѓаните очекуваат резултати.

Загадувањето неколкупати ги надминува дозволените граници. Параметрите покажуваат дека ПМ10 честичките во Скопје надминуваат 200 микрограми на еден кубен метар воздух, а најкритично е во Лисиче каде ПМ честичките надминаа 350 микрограми на кубен метар. Подеднакво како во Скопје алармантно е и во Тетово, Битола и Куманово.

Поради загадениот воздух нарушена е здравствената состојба на лицата со хронични заболувања, а болниците се полнат со граѓани кои имаат зголемени респираторни проблеми.

СДС во текот на изборната кампања на граѓаните им ветуваше подобрување на животната средина и почист воздух. Но веднаш по изборите се покажа дека тоа беше уште една нивна лага и манипулација за собирање на повеќе гласови.

СДС покажа дека не се грижи ниту за животната средина ниту за граѓаните на Република Македонија. Граѓаните се уверија дека СДС не си стои на зборот и не ги исполнува дадените ветувања.

Тоа за жал се плаќа со нарушено здравје на граѓаните“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Еве го документот, зошто новото задолжување го нема во ребалансот, дали ќе се прекрши законот

СДСМ со ново барање до Владата: Минималецот да скокне на 36.000 денари

СДСМ: Мицкоски може да ја менува статистиката, но долгот расте

(ВИДЕО) Фрчкоски: ДКСК да ја прошири истрагата за Андоновски со новата фирма „Нома солушнс“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Фрчкоски: Трансформирање на тендери од 1,5 милиони евра во министерството на Андоновски

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кузеска: Мицкоски брутално ја задолжува Македонија – 4 милијарди евра за само две години