ВМРО-ДПМНЕ: Законите во Македонија не важат кога е во прашање власта

Од:

„Зоран Заев е главата на криминалниот октопод. Зоран Заев го пушти на слобода Жан Железарски, кој наместо да биде во затвор рекетира, се заканува и тепа луѓе низ Кочани.

Заев донесе слобода за криминалците, а страв за граѓаните. Недолжни луѓе ги трпат криминалните банди на Заев и нивниот терор.

Власта не се справува со криминалот. Власта го стимулира криминалот. Убиецот на Мартин Нешковски наместо во затвор е на слобода, на слобода се и двајцата убијци од Арачиново кои ликвидираа три деца, а во затвор лежат граѓани за прекршок кога немаат пари да ја платат казната“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„Убијците од „Монструм“ се на слобода, а искрени патриоти и родољуби во затвор. Зоран Заев си игра со судбината на цели семејства.

Законите во Македонија не важат кога е во прашање власта. Нема отворен случај за Драги Рашковски, за кого постои сомнение дека сторил криминал, а во станица се повикуваат и малтретираат новинари, кои објавиле материјали и информации од интерес на јавноста.

Нема постапка против Катица Јанева, а целата јавност бруи дека таа е обвинителот кој ги извршувал ветувањата од „Рекет“.

Зоран Заев е сеуште премиер, иако неколкукратно е видео и аудио документиран во барање мито.

Хаосот во кој СДСМ ја втурна државата мора да престане. Македонија заслужува правдина. Граѓаните очекуваат правда. Потребни се итни предвремени парламентарни избори и ЈО кое ќе биде финансиски независно и отпорно на влијанија“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ