ВМРО-ДПМНЕ на 23 декември ќе го свика партискиот Конгрес на кој ќе треба да се избира нов лидер.
Со оглед дека дека сите тела на партијата ги контролира Никола Груевски можни се две варијанти-или Конгресот да не ја прифати неговата оставка или да биде поставен нов лидер кој ќе биде под контрола на Груевски.
Груевски пред неколку дена најави дека си заминува од кормилото на ВМРО-ДПМНЕ, но сепак не ги исполни барањата за распуштање на сите тела на партијата и формирање на независен Конгрес кој ќе избере нов лидер.
