ВМРО-ДПМНЕ: Загрижени сме од нетранспарентноста со која Заев пристрапи на склучување на договорот со Бугарија

Од:

„СДС не е опозиција и треба да му одговори на македонскиот народ околу дилемите кои го вознемируваат по вчерашниот настап на Зоран Заев.

Што има прифатено Зоран Заев?

Чиј е Цар Самоил? Доколку ова прашање е историско и доколку на ова прашање не треба да одговараат политичари, туку историчари, со кое право Заев се договара да ги менува историските учебници?

Дали СДС ги консултираше историчарите во однос на прашањето на заедничка историја?

Дали СДС и Зоран Заев сметаат дека Република Македонија нема своја сопствена историја? Дали Зоран Заев се договорил високите бугарски претставници да дојдат на Илинден за да ни го честитаат празникот како гости или тие доаѓаат на заедничка прослава без признанието дека Илинденското востание е автохтоно и македонско.

ВМРО-ДПМНЕ е крајно загрижена од нетранспарентноста и леснотијата со која Заев пристапи на едно исклучително сериозно прашање како што е склучувањето на договорот со Бугарија.

ВМРО-ДПМНЕ бара увид во тоа што Заев договорил при посетата на Софија.

Македонскиот народ бара увид во содржината на договорот која што Заев се согласил да ја потпише.

ВМРО-ДПМНЕ нема ништо против странски високи претставници да ни го честитаат националниот празник. За нас нема ништо спорно високи гости да присуствуваат како гости, но мора да се знае дека Илинденското востание е автохтоно и македонско. На Илинден се удрени темелите на македонската држава.

Би можело да ве интересира

Филипче го слави системот што го спаси од обвинение, велат од ВМРО-ДПМНЕ

(ВИДЕО) Лефков: Филипче во време на здравствена криза не мислел на пациентите, туку како да го наполни џебот

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче молчеше за загадената вода во Гостивар додека беше министер

Горан Наумовски

Левица: Честитки до ДПМНЕ – Македонија стана лидер во Европа и по случаи на западнонилска треска по глава на жител

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Ние работиме, СДСМ се дави во сопствениот хаос и лаги

Горан Наумовски

Борозан: Власта да направи анализи на водата во цела држава и јавно да ги објави резултатите