А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Заев вработува партиски војници

by А1он21/07/2017 - 15:27116
Share0

ВМРО-ДПМНЕ тврди дека вработувањето на партиски војници и послушници не запира и оти тоа со стотици милиони денари во буџетот го плаќаат граѓаните на Република Македонија.

Добивај вести на вибер

– По кој критериум Заев ја вработи ќерката на Тито Петковски во Владата? Според кој критериум комедијанти се вработуваат на одговорни позиции? Дали е вистина дека во Владата се вработени и лица кои биле предмет на кривичен прогон и во Македонија и во Германија за поседување на големи количини психотропни дроги, праша на денешната прес-конференција Невенка Стаменковска од ВМРО-ДПМНЕ.

Заев, како што рече, вработува комичари во Владата како благодарност за одработувањето за него и СДС во изминатите годините наназад на разни платенички протести и преку проекти спонзорирани од странски фондации.

– Стотици милиони денари од буџетот секоја година на место да се трошат за нови училишта, болници и спортски игралишта, ќе се трошат за партиските вработувања на Зоран Заев и за неговото оддолжување кон партиските војници и профитери кои глумеа граѓански сектор за да дојдат до фотелјата заедно со СДС на власт, рече Стаменковска.

Според неа, народот не смее да биде доведен во ситуација со стотици милиони денари народни пари да се плаќаат извршители, војници и послушници на Заев кои, како што рече, се дел од планот државата да се претвори во партија, а партијата во држава.

– Граѓаните се во неизвесност за својата иднината и за иднината на државата, гледајќи ги ваквите недемократски и срамни потези на владата на Заев и СДС. За само месец и пол СДС започна да воспоставува режим во Македонија. Но, отпорот од народот ќе го почувствува многу брзо, нагласи Стаменковска.

dpmnesdsm

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Катерина Ѓуровски21/03/2026 - 13:11

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

Катерина Ѓуровски21/03/2026 - 12:22

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Горан Наумовски19/03/2026 - 19:36

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Катерина Ѓуровски18/03/2026 - 11:12

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски17/03/2026 - 14:0617/03/2026 - 17:20

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски17/03/2026 - 13:3017/03/2026 - 13:34
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен