ВМРО-ДПМНЕ: Заев во политичка пензија на следните парламентарни избори

Од:

„Граѓаните на Република Македонија живеат во секојдневие исполнето со порази и измами, сервирани од Зоран Заев. Бројките, статистиките и податоците се поразителни, буквално на секое поле. Македонија тоне, а Зоран Заев не уверува дека блескаме.

Заев продолжува со негативните рекорди. Годинава капиталните инвестиции се полоши и од минатата. За првите 4 месеци од оваа година реализацијата на капиталните инвестиции изнесува катастрофални 9,8 проценти.
Наместо прилив, Македонија бележи негативен биланс, односно одлив на капиталот од странски директни инвестиции кој во март изнесува 6,8 милиони евра. Споредбено со претходните 10 години странските директни инвестиции во првите четири месеци од годинава се убедливо на дното.

Со ова уште еднаш се потврдува тврдењето на ВМРО-ДПМНЕ, дека минатогодишното ниво странски директни инвестиции е резултат на работата на претходната влада, а македонската економија се уште ја крепат инвестициите привлечени во Македонија во времето на ВМРО-ДПМНЕ.

На лагата и се кратки нозете, се поголем број на граѓани отворено го изразуваат незадоволството од погубните политики на власта, неостварените ветувања, неработењето и неспособноста на Зоран Заев и неговата криминална банда.
За оваа клапа која буквално ја уназади државата на секое поле најважни се личните бизниси, а буџетската сметка ја третираат како лична сметка за исплата на партиските пајташи и послушници кои се најзаслужни за фотељата која ја доби Заев. Животот дојде за малкумината околу Заев, додека 500 илјади граѓани живеат со еден оброк на ден.

На овој чемер и јад кој го донесе Заев мора да се стави крај, а крајот е близу, Зоран Заев веќе не може да ги лаже и манипулира граѓаните на Република Македонија. Неговата неуспешна политичка приказна која е погубна за државата и граѓаните е на самиот крај. Граѓаните ќе го испратат Заев во политичка пензија на следните парламентарни избори“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски