ВМРО-ДПМНЕ: Заев ветува 100 евра за глас со кои ќе се откажете од вашите предци

Од:

СДСМ и Зоран Заев се целосно неспособни да ја управуваат државата. Продажбата на името и идентитетот тоа нема да го смени. Прифаќањето на грчките црвени линии нема да помогне да се достигнат европските стандарди. СДСМ удри на крадење и задолжување на државата како да треба Македонија да влезе во сојуз со Северна Кореа или најсиромашните африкански земји, а не како да се приближува кон ЕУ и економска благосостојба, велат од ВМРО-ДПМНЕ во нивното соопштение.

„Работите им бегаат од контрола. Власта вчера како најголем успех и достигнување го презентираше пронаоѓањето и чистењето на пелени од страна на Петре Шилегов, кој ангажираше цела армија, полиција, противпожарна единица на Скопје и болнички возила за пронаѓање на стари пелени кои смрдат во стан. Трагедијата да биде поголема презентираше и снимки од успехот. Во зоолошка слободно се штетаат крокодили надвор од нивните кафези, а власта се правда дека тоа било нормално бидејќи крокодилите биле во пубертет. Добро е што не станале полнолетни па да почне и надвор од зоолошка сами да излегуваат“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Во соопштението се додава оти Заев ја лаже јавност дека дневно 23 часа одговара на пораки.

„Градоначалници се фалат дека прислушкуваат, додека Заев ветува 100 евра за глас со кои ќе се откажете од вашите предци. Судовите не реагираат, државата е во медиумски мрак кога станува збор за големите национални прашања. Со СДСМ на власт државата е комплетно на колена. Власта е нефункционална и не може да ги извршува ниту основните потреби. И додека не си ја работат работата за која се платени од парите на граѓаните, тие вршат кампања за промоција на капитулантскиот договор кој го потпишаа со Грција, во која Република Македонија е оштетена страна, со кој го губиме институциналниот идентитет, историјата, културата и традицијата. Свесни за штетноста на договорот и неговата целосна асиметричност ги кријат од граѓаните и уставните амандмани кои ги добија во вид на нон пејпер од грчката влада“ велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Тие уште еднаш го повикуваат премиерот Заев да излезе на дебата со Христијан Мицкоски.

„ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите граѓани кои не се согласуваат со штетните политики на Зоран Заев да дојдат во недела во 13 часот во Охрид на голем протестен марш“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните да бидат спокојни, нема да одиме по стапките на СДС и ДУИ

ВМРО-ДПМНЕ: ССМ и Трендафилов одбија 40 отсто зголемување на платите

СДСМ: ЗНАМ се дели, ВМРО прави ново движење за создавање контролирана и раситнета опозиција

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Сѐ што има Мицкоски е стекнато чесно и законски

Горан Наумовски

„За ВМРО-ДПМНЕ нема подобро решение од Венко Филипче – проблемот е што тој е штетен за Македонија“, реагираат од владејачката партија

А1он

(ВИДЕО) Стојаноски: СДС и ДУИ наместо да се надминат себе си, одлучија да тераат инает

А1он