ВМРО-ДПМНЕ: Заев тврдеше дека ја знае вистината за убиството кај Смилковско езеро, а сега бега од одговори

Од:

„Зоран Заев и криминалниот картел кој го води, да запрат со морбидната кампања во случајот со свирепото убиство кај Смилковско езеро.

Заев тврдеше дека ја знае вистината, а сега бега од одговори. Заев пред изборите додека ја манипулираше јанвоста велеше дека се што има ќе објави, сега вели дека нема што да објави.

Криминалниот картел треба да знае дека граѓаните не се со кратка меморија и точно знаат кога некој сака да ги манипулира. Заев ја манипулира јавноста и си поигрува со судбините на петте семејства за политички поени.

Зоран Заев не смее да бега од одговор од јавноста. Тој е должен да одговори чии интереси штити и кого покрива во случајот Монструм?

Фотелјата на Заев не е поважна од правдата, како што ниту неговата коалиција е поважна од прерано згаснатите животи, разрешницата и вистината која ја заслужуваат семејствата на убиените.

Сторителите мора да завршат во затвор, без разлика дали на Зоран Заев тоа му се допаѓа или не. Виновниците мора да се казнат. Република Македонија мора да стане правна држава. Овој криминален картел ја урнисува државата и го девалвира правото“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Седум години СДС и Филипче беа фабрика за скандали и афери, СДС е во целосен хаос и без компас

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Дали Љупчо Дон Николовски дозволил пуштање во промет на брашно од над 2 милиони евра без за истото да бидат уредно платени контролните марки

Предраг Петровиќ

Кузеска: 100 дена Влада а 300 скандали, најмногу во МВР

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче беше фатен и со матен тендер за стерилизацијата која е клучна во медицината

СДСМ: ДПМНЕ ги заглави субвенциите а се фали со мерките на СДСМ за јачменот, пченицата, грозјето

Левица: 100 Дена нова влада стара политика – ДПМНЕ ја продолжува праксата на СДС

Предраг Петровиќ