ВМРО-ДПМНЕ: Заев треба да се одмори и тоа подолго време

Од:

„Заев треба да се одмори и тоа по можност на подолго време. Барем додека Македонија не застане на нозе. Заев треба да ги одмори граѓаните и Република Македонија од него.

500.000 граѓани кои живеат на прагот на сиромаштија, земјоделците кои го фрлија произведеното на буниште, изрекетираните бизнисмени, луѓето кои неможат да најдат лекови во аптеките и граѓаните кои се плашат за својата безбедност поради се поголемата стапка на криминалитет посакуваат одморот на Заев да му биде на неопределено време и истиот да не се врати на позицијата премиер.

Додека Заев си се вози на својот луксузен мотор се повеќе млади ја напуштаат државата и трајно се иселуваат.

Според податоците на германската амбасада истата годишно издава околу 20.000 работни визи. Слични бројки имаме и од другите развиени држави. Тоа се главно млади луѓе кои не гледаат перспектива во Македонија.

Младите кои беа лажени од Заев, сега се најголема жртва на неговата неспосбност.

Апатијата владее во целата економија. Граѓаните имаат се помалку пари, а Заев и министрите се шетаат и луксузираат во соседството, Дубаи и Западна Европа.

Додека државата плаќа возила и обезбедување да го следат Заев во неговите лудории, земјоделците од Преспа ја фрлаат јаболката на буниште. Како премиер наместо да трошеше и да се расфрлаше на луксуз со државни пари можеше да го откупи производството на јаболкарите, кои очајно сечат дрвја и се откажуваат од за нив единствениот извор на егзистенција.

Граѓаните не гледаат излез од кризата во која не втурна Заев. Најмалку од се излезот од хаосот може да биде самиот Заев. Тој е причината на проблемот и мора да си оди. Колку побргу, толку подобро“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Случајот со планот за насилно преземање на болницата Жан Митрев е доказ за тоа како Филипче и Заев ги користеле државните институции за лични интереси

Стojаноски: Али и Венко додека беа на власт другаруваа правејќи криминални шеми, а сега се здружени против безбедноста и животите на граѓаните

Обвинителката Ленче Ристоска поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ

Филипче: Мицкоски политиката ја сведе на таблоид, со лажни афери ги прикриваат грабежот и неспособноста

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски