ВМРО-ДПМНЕ: Заев свесно ја турка Македонија кон федерализација

Од:

„Летање со дронови со знамиња од мапата на голема Албанија е дел од Тиранската Платформа. Творците на платформата се надеваат дека на тој начин ќе му порачаат на македонскиот народ што го очекува.

Еден од реализаторите на Тиранската Платформа е и Зоран Заев. Затоа криминалецот и предавник Заев, навива против Македонија со балистите и нема храброст да ги осуди инцидентите насочени против македонскиот идентитет и суверенитет.

По симнувањето на македонското знаме од јарболот во центарот на Куманово, вчера на фудбалски натпревар помеѓу Вардар и Шкупи во скопски Чаир се развиори знамето на голема Албанија.

Аболицираниот криминалец Зоран Заев упорно продолжува да ги брани антимакедонските изјави на Зијадин Села, Еди Рама, Хашим Тачи, Дитмир Бушати и Месила Дода.

Овој човек продолжува свесно Македонија да ја турка кон федерализација.

Заев со своите помошници од криминогениот СДС со цел да се спасат од криминалите прифаќаат: двојазичност, промена на знаме, химна и грб, промена на името по грчки терк и федерализација на државата.

Тие на коцка ги ставија националните и државните интереси на Република Македонија само да си ја спасат кожата.

Аболицираниот криминалец Зоран Заев и криминогениот СДС се главен поттикнувач на „Големо Албанските“ апетити во Македонија и во регионот.

Македонскиот народ одамна ги прочита криминалците од СДС и секој ден излегува и им порачува дека местото им е во затвор. Македонија нема да стане бинационална држава само за да се спаси СДС од затвор.

Македонија ќе остане унитарна и мултиетничка држава.

Затоа народот е на нозе!

Затоа Македонија се буди“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДС – нема ништо незаконски во прославата за 8 Септември

Горан Наумовски

Левица: Брутална партизација на Државната второстепена комисија – ДПМНЕ ја претвори независната институција во партиски штаб

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: 35 години откако македонскиот народ ја потврди желбата за независна Македонија

(ВИДЕО) Кузманоска: СДС остави слаб економски раст, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ носи континуитет

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Борба против криминал е апсење на вработен кој се обидел да земе мито