ВМРО-ДПМНЕ: Заев создаде граѓани од прв и граѓани од втор ред, оние кои се блиски до власта и огромно мнозинство кое не е

Од:

„Зоран Заев и СДСМ ги поделија граѓаните на граѓани од прв и граѓани од втор ред.

Граѓани од втор ред се огромното мнозинство кои не можат да го преживеат месецот, оние над половина милион жители кои живеат со 150 денари дневно. Граѓаните од прв ред се власта и лицата блиски до власта, кои јадат со златни лажици, чии деца се луксузираат низ светот, кои возат скапи коли и мотори“, велат ВМРО-ДПМНЕ.

„Граѓани од втор ред се сите оние категории на граѓани кои се уште чекаат вакцини или се принудени да се вакцинираат во странство, затоа што власта ги остави без вакцини. Граѓани од прв ред се тие кои поради блискоста со власта успеаа да се вакцинираат пред хронично болните, трудниците, возрасните и сите други загрозени категории.

Граѓани од втор ред се оние неправедно се осудени по затворите, а од друга страна лицата како Ден Дончев, Боро Марлборо, Катица Јанева , Рашковски и слични кои се фатени во тешки скандали или се на слобода или се во своите домови.

Граѓани од втор ред се сите граѓани кои не можат да извадат пасош, регистрација или документ, додека белосветски мафијаши добиваат македонски документи со украден идентитет.

Граѓани од втор ред се сите оние кои беа оставени без можност да се лекуваат во јавното здраветво поради неспособноста на власта, иако плаѓале цел живот здравствено осигурување, па на сета мака морале да се лекуваат приватни, да земаат кредити или да продаваат имот.

Граѓани од втор ред се сите оние кои се чувствуваат онеправдани, оставени на цедило од власта, додека гледаат како пред нивните очи некои енормно се богатат, користат бенефиции или имаат предност поради тоа што се блиски до Заев и СДСМ.

Заев е тој која ја подели Македонија и додека тој е власт до тогаш јазот се повеќе ќе расте.

Затоа нудиме стратегија Македонија за сите луѓе која ќе стави крај на поделбите на СДСМ и Заев, на граѓани од прв и граѓани од втор ред“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

Куповната моќ на граѓаните е драстично зголемена, платите растат побрзо од цените, се пофали ВМРО-ДПМНЕ

Петрушевски: Трпе Деаноски од УПОЗ за луксуз и спортски игри во Црна Гора потрошил над 60.000 евра, пари на синдикалците од чланарина

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија

Катерина Ѓуровски