ВМРО-ДПМНЕ: Заев и СДСМ ги злоупотребуваат евроинтеграциите за оправдување на капитулантскиот договор

Од:

„Македонија и македонскиот народ го губат својот идентитет.

Зоран Заев и СДСМ ги злоупотребуваат македонските евроинтеграции за да го оправдаат капитулантскиот договор кој го потпишаа со Грција, и на тој начин се откажаа од се што е македонско.

СДСМ одбива да одговара на прашањата околу капитуланскиот договор. Тоа е заради фактот дека договорот е штетен и може да предизвика неповратни последици по македонскиот идентитет. Со договорот се губи институционалниот идентитет кој е значајна компонента на националниот, односно СДСМ со преименувањето на институциите го менува и идентитетот на Република Македонија. Со членот 8 од договорот се предвидува комисија за ревидирање на културата и археологијата и Грција може да го употреби тоа како кочница во ЕУ интеграцијата кога и да посака.

Зоран Заев и СДСМ сакаат да станеме народ без корен, држава без историја, народ без културно историско и археолошко наследство, а младите да учат од некаков си хибриден образовен систем по желбите на нашиот јужен сосед.

Заев се согласи на распродажбата на националните и државните интереси од само една единствена причина а тоа е да го покрие криминалот што го прави картелот на власт.

Петнаесет месеци колку што се на власт Зоран Заев и СДСМ покажаа дека оваа влада ќе остане запаметена како најлошата во поновата македонска историја.

Тоа што Македонија назадуваше на листата на транспарентност и е најкорумпирана земја во Европа не зависи од капитуланскиот договор. Тоа што растот на БДП е бетониран на нула не зависи од капитуланскиот договор. Тоа што имаме најниски плати во регионот, а земјоделците немаат пласман и осиромашуваат не зависи од договорот. Тоа што умираат деца без соодветна грижа, додека се делат крвави тендери во здравството на фирми штотку регистрирани, не зависи од договорот. Тоа што образованието тоне и на први септември нема книги за учениците не зависи од договорот. Тоа што криминалци се пуштаат на слобода, а убиецот на Мартин Јанушев ја избегнува правдата не зависи од договорот.

Се ова се должи на неспособноста на расипничката власт.

Се ова ќе се смени откако Заев ќе си замине. За да се смени националната катастрофа која ни се случува во овие 15 месеци, не мора да се откажеме од нашиот идентитет.
Доволно е народот да му каже доста на Заев.

Македонија ќе победи“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Младите брачни парови и самохрани родители до 40 години ќе се ослободат од комуналии за да се реши станбеното прашање

ВМРО-ДПМНЕ: Богданци заслужува повеќе, после три мандати на Шапов, општината се соочува со сериозни предизвици

Мицкоски од Брвеница: На Македонија и требаат нови успеси, резултати и проекти, а не поделби, затоа во недела ве повикувам да го заокружите бројот 1

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара утеха во пласманот од четврто место во Брвеница додека СДС ја направи партија која слави порази

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Филипче и Заев се пазареле со бугарските власти за случајот со Ива Михаилова за да му се оддолжат на Радев?

Горан Наумовски

Петрушевски: Филипче врши селективна борба против корупцијата

А1он