ВМРО-ДПМНЕ: Заев сака да остане пратеник за да може да се крие зад пратеничкиот имунитет

Од:

„Зоран Заев бега и не го прифаќа предлогот на претседателот Христијан Мицкоски, за воведување систем на кандидат за мандатар, по што лидерот кој ќе изгуби на парламентарните избори ќе треба да си даде оставка.

Зоран Заев се плаши да прифати затоа што знае дека ќе загуби на 12 април.

Кандидатот мандатар – лицето кое претендира за премиер, не смее да се крие по поразот зад пратеничкиот имунитет. И треба да си замине од политиката, бидејќи граѓаните не го подржуваат неговиот концепт и политики.

Зоран Заев сака да остане пратеник, за да може да се крие зад пратеничкиот имунитет во надеж дека ќе се спасува од правдата“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„Заев мисли дека со пратеничкиот имунитет нема да одговара за Рекет 1 и 2, поткупите, криминалот и корупцијата која секојдневно се случува. Но ниту тој ниту било кој друг без разлика од која партија доаѓа нема да се спаси од кривичен прогон за криминалот кој го сторил. Бидејќи по 12 април Македонија мора да биде правна држава еднаква за сите.

Ајде Заев охрабри се. Доколку толку си уверен во политиките на криминал, корупција и рекет. Доколку мислиш дека распродажбата и осиромашувањето на држават ти носи поени, прифати ако загубиш на претстојните парламентарни избори на 12 април да си заминеш од политиката, без притоа да се криеш зад пратеничкиот комодитет.

Во таа насока и со цел создавање на правна држава еднаква за сите ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи и закон за потекло на имот на политичарите, актуелни и до сегашни. Не може со функционерски плати преку ноќ да стануваат милионери, а народот да нема леб да јаде.

По 12 април државата ќе биде еднаква за сите. Следува обнова на Македонија. Народот на прво место“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски