ВМРО-ДПМНЕ: Заев продлжи да објавува креирани материјали добиени од странска разузнавачка служба

Од:

ВМРО – ДПМНЕ во пишана реакција обвини дека лидерот на СДСМ Зоран Заев продолжил со емитување на креиран материјал, кој го добил во соработка со странска разузнавачка служба.

– Иако постојат признанија дека нелегално се вршело прислушкувањето, за што едно лице веќе е осудено на казна затвор, Заев и неговите поддржувачи и понатаму се обидуваат да ја изманипулираат јавноста дека креираните материјали ги добиле од патриоти, а не од измамници и соработници на странска разузнавачка служба, кои во целост ја признанаа вината, се вели во реакцијата.

Заев, како што е наведено, сака да ја убеди јавноста дека изборните процеси не биле регуларни и дека стотиците илјади граѓани кои гласале по свое убедување за ВМРО-ДПМНЕ всушност не гласале или гласале вон својата волја.

– Но секој граѓанин кој гласал за ВМРО-ДПМНЕ и за коалицијата „За подобра Македонија“ многу добро знае дали гласал и зошто гласал. Секој гласач на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата нека се потсети дали гласал заради причините со кои денес не обвини Заев или заради политиките на партијата, делата што се направија, фабриките кои се отворија, 120 илјади нови работни места, новите патишта, болници, опреми, училишта, зголемените пензии, социјални помошти, плати во јавниот сектор, поддршка на земјоделецот и макотрпна работа на владиниот тим предводен од ВМРО-ДПМНЕ, стои во партиската реакција.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела