ВМРО-ДПМНЕ: Заев преку Мијалков покажа дека постои мафија во државата

Од:

„Циркусот кој што го приреди власта на Заев во содејство со правосудните органи под негова контрола, покажа уште еднаш дека во Македонија не владее правна држава, туку мафијата и криминалот.

Бегството на Мијалков и неговото враќање е само една обична театарска претстава која не поминува веќе ни кај членовите на СДСМ. Впрочем во која земја бегалец од правдата откако ќе биде вратен, завршува со домашен притвор и низа други екстра поволности. Целиот договор, заедно со анексите е разобличен од јавноста и сите знаат дека се работи за евтин пазар со правдата, нешто кое што Заев во континуитет го прави“, велат ВМРО-ДПМНЕ.

„Резултатите од таквиот договор се наѕираат и јавноста ги претпоставува. Затоа е нервозата кај власта толку голема. Затоа се хаотични во своите постапки, па час распишуваат потерници, час се жалат на системот, час глумат одлучност, час симнуваат телесна температура, час зборуваат за координирани акции. Вистината е дека реакцијата на јавноста и други фактори влијаеа да се пишманат и да се предоговараат.

Зоран Заев покажа дека е врвот на коруптивната и мафијашката пирамида во Македонија, а неговата единствена улога е да координира меѓу криминалните релации. Мафијата е таа шака луѓе кои ја ограбуваат државата, го осиромашуваат народот, а тие енормно се богатат. На ова се гледа крајот, а тоа ќе се оконча со крајот на власта на Заев“, соопштуваат ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик