ВМРО-ДПМНЕ: Заев прави пародија од судот и правосудните органи

Од:

„Зоран Заев е единствен премиер во Европа, против кого се води постапка за земање мито. Заев е фатен флагрантно како бара поткуп.

Поголем доказ од снимката на која се гледа Заев, како дрско бара 200.000 евра мито нема. Јавноста го слушна Заев како без срамно кажува дека земањето мито за легализација на земјиште е пракса во Струмица, и дека многу луѓе за да легализираат требале да платат.

Заев прави пародија од судот и правосудните органи, со години го влече процесот против него. Првин му се закануваше на судот, а сега од позиција на власт, рочиштата против него се закажуваат со временска дистанца од по месец дена.

Правната држава и владеењето на правото се уриваат токму од Зорана Заев, човекот на врвот на криминалниот картел кој ја зароби државата, и ја претвори во сервисен центар на фирмите на картелот.

Заев и криминалниот картел кој го води, го префрлија криминогениот начин на работа, од Струмица, во Скопје. Целата држава почна да функционира по методот едно евро за Вицето.

Државата е заробена, а институциите се злоупотребуваат. Правото не се применува, а граѓаните се жртва на картелот. Овој хаос мора да запре. Република Македонија не може да продолжи со овој криминоген картел. Државата заслужува подобро. Граѓаните заслужуваат подобро“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал