ВМРО-ДПМНЕ: Заев потврди дека не е претседател на СДСМ

Од:

Зоран Заев и денеска потврди дека тој не е претсeдател на СДСМ и дека неговата партија ја раководи фондацијата СОРОС, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на претседателот на СДСМ Зоран Заев.

– Неслучајно Заев, денеска ги наброја невладините организиации кои работат за СОРОС, но и директно за СДСМ, па подоцна врз база на едно договорено сценарио, истите тие треба да излезат и да го потврдат тоа што тој го говореше и да се прикaжуваат за жртви, се вели во соопштението.

Од партијата наведуваат дека граѓаните ја гледаат целта на Заев, а тоа е да ја наруши стабилноста на Македонија, да ги наруши мирот и меѓуетничките односи и да предизвика штетни економски последици од неговото политичко дејствување.

Според ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ од ден во ден станува партија која што на секој возможен начин се обидува да ја втурне Македонија во калта, во која, како што се наведува во соопштението, самите се заглавија и од која не знаат како да излезат.

Македонија, според партијата, силно ќе одговори на ваквите црни сценарија на Заев и СДСМ и народот на изборите ќе му ја врачи најголемата и најсилна „бомба” со која што Заев некогаш се соочил.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела