ВМРО-ДПМНЕ: Заев покажа дека е крајно неодговорен политичар

Од:

Зоран Заев покажа дека е крајно неодговорен политичар, подготвен целата држава да ја стави во залог само да ја зачува неговата функција во партијата, вели ВМРО-ДПМНЕ.

„Зоран Заев нема кредибилитет да говори во јавноста и да обвинува други, кога сите знаат дека тој беше човекот кого го аболицираа за криминал тежок осум милиони евра и кој додели народни пари преку тендери на сите свои роднини и бизнис ортаци во Струмица. Тој денес наместо да одговара за криминалот живее во луксуз исто како и неговите соработници-криминалци. Тие денес се обидуваат да се доберат на власт, не со програма и преку избори, туку со интриги, исто како и нивниот политички татко Бранко Црвенковски“, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Свесни сме, посочуваат од партијата, дека Заев се дави во калта во која сам се вовлече, но не ја разбираме неговата потреба постојано да манипулира, дури и во ситуации кога на целата држава и е јасно дека просторот за маневар е така тесен што веќе ни него не го собира.

„Ако мисли дека политичкиот дијалог е под некаков притисок кој тој го прави, го замолуваме да не притиска толку, зошто станува непријатно за гледање на сите останати, а најмногу на неговите најблиски соработници“ велат од владејачката партија.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела