А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Заев планира избори, a се зголемува бројот на нови заболени

by А1он22/05/2020 - 09:36267
Share0

„Додека во регионот епидемијата од корона вирусот драстично се намалува, кај нас процесот е обратен. Хрватска и Албанија бележат по 2 нови случаи, Словенија нема ни еден, а во Македонија бројот на новозаразени се искачи на 40 и дополнително еден почина.

Следете a1on на Instagram Instagram

Ако ваквите податоци за Заев, Филипче и СДСМ се успешно справување со епидемијата, тогаш јасно е зошто народот е во страв и паника“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Тие наместо да водат политика и да тераат ситни партиски интереси, треба да преземаат конкретни здравствени мерки со цел да се заштити здравјето и животите на граѓаните.

Македонија веќе е на самиот врв во регионот по смртност на милион жители, исто како и по број на заразени на еден милион жители, а речиси на самото дно по број на тестирања.

Следете a1on на Youtube YouTube

Пред Заев, Филипче и СДСМ да тераат политика и да брзаат на избори за да го ублажат својот пораз, треба да спроведат повеќе тестирања и масовен скрининг на населението, за да се открие вистинската епидемиолошка слика и врз основа на тоа да се планираат епидемиолошки мерки, но и избори и датуми. Живото и здравјето на граѓаните е врвен приоритет. ВМРО-ДПМНЕ ќе победи, кога и да се одржат изборите, но прво Македонија треба да ја победи корона епидемијата, а потоа да го победи и Зоран Заев и СДСМ на фер, демократки и кредибилни избори.

ВМРО-ДПМНЕ е различно од СДСМ. Со СДСМ и Зоран Заев добивме хибриден режим, неспособност, криминал и сиромаштија“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

dpmne

Би можело да ве интересира

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски10/08/2026 - 10:4210/08/2026 - 10:51

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски01/08/2026 - 11:5601/08/2026 - 14:05

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

Катерина Ѓуровски15/07/2026 - 13:28

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Катерина Ѓуровски15/07/2026 - 13:01

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Катерина Ѓуровски12/07/2026 - 12:27

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски01/07/2026 - 14:3401/07/2026 - 14:38
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео