ВМРО-ДПМНЕ: Заев организира попис во ек на пандемија и се спрема да го направи најголемиот корона кластер

Од:

„Власта воведува полициски час и ограничува движење а за само 20-тина дена ќе пушти илјадници попишувачи да одат по домовите на граѓаните.

Зоран Заев не го интересира ниту здравјето, ниту животот на луѓето. Заев го интересира само политичка корист, а во овој смисол остварување на политичкиот договор“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Организирање на попис во услови на разгорена пандемија ќе резултира со илјадници нови заразени и стотина мртви.

Заев пушта невакцинирани попишувачи и со тоа се заканува да го направи најголемиот корона кластер до сега.

Попис во сред пандемија е сигурен начин како цела држава да заболи од корона.

Несовесно и срамно е што Заев продолжува со намерите за организирање на попис, не само покрај аргументите на стручната јавност и граѓаните, туку и по откажувањата на пописите во Бугарија, Србија, Хрватска, Ирска, Германија и други држави.

Сите овие држави имаат вакцинирано голем дел од населението, но сепак не сакаат никого да ставаат во животно загрозувачка состојба. Зоран Заев и Венко Филипче ќе одговараат за штетите кои што ги нанесуваат врз јавното здравје и животот на граѓаните“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ