ВМРО-ДПМНЕ: Заев не смее да тргува со националните и државните интереси

Од:

„Единствено решение за излез од политичката криза во која СДСМ ја втурна Република Македонија се нови предвремени парламентарни избори.

Аболицираниот криминалец Зоран Заев може да тргува со сопствените интереси. Аболицираниот Заев може да се пазари и со интересите на партијата што ја води се додека има поддршка од уценетото криминогено раководство.

Аболицираниот криминалец Зоран Заев не може и не смее да тргува со националните и државни интереси само за да си ја спаси кожата и да не одговара за криминалите што ги сторил.

Народот секојдневно гледа како полицијата апси трговци на дрога, лица со кои тој работел во кампања. Народот воочи дека аболицираниот криминалец Зоран Заев е спремен на се, само за да дојде до власт за да се спаси од крималниот прогон.

Аболицираниот криминалец Зоран Заев ја прифати неуставната Тиранска Платформа во која се пропишува целосна двојазичност и промена на името по грчки терк.

Со реализација на неуставната Тиранска Платформа, Зоран Заев го прави првиот чекор кон федерализација на Република Македонија.

Затоа ВМРО-ДПМНЕ ги отфрли уцените и ја отфрли Тиранската Платформа. ВМРО-ДПМНЕ и јавно соопшти дека нема намера да формира влада по секоја цена.

ВМРО-ДПМНЕ ја разбира загриженоста која стотици илјади граѓани секојдневно ја покажуваат низ целата земја.

Народот се чувствува навреден и изигран од страна на СДСМ, кој пред изборите најавуваше план за живот, а после избори започна да реализира план за разнебитување на Македонија, базиран на неуставната Тиранската Платформа.

Граѓаните се чувствуваат излажани и изиграни, бидејќи СДСМ под превезот „За живот“ им донесе двојазичност и федерализација на државата.

Заради тоа народот е на нозе!

Заради тоа Македонија се буди!“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?