ВМРО-ДПМНЕ: Заев не смее да тргува со националните и државните интереси

Од:

„Аболицираниот криминалец Зоран Заев може да тргува со сопствените интереси. Аболицираниот криминалец може да се пазари со интересите на Вицето и со семејните фирми во кои ги има сокриено милионите евра украдени од народот. Аболицираниот Заев може да се пазари и со интересите на партијата што ја води се додека има поддршка од уценетото криминогено раководство.

Тоа е негов проблем. Тоа е проблем и на Вицето и проблем на членството на СДСМ.

Аболицираниот криминалец Зоран Заев не може и не смее да тргува со највисоките национални и државни интереси само за да си ја спаси кожата и да не одговара за криминалите што ги сторил.

Стотици илјади граѓани на уцентиот Заев, секојдневно му порачуваат дека нема да му ја прифатат тиранската платформа и тиранската Влада што има намера да ја формира и со која ќе ја воведе иднината на Македонија во прашање.

Народот го прочита аболицираниот криминалец Заев. Народот го порази Заев на изборите. Неговата програма доби само 430 000 гласови. Се останато се лаги и манипулации и признание на отстапките кои ги прави и неговата согласност да ја редефинира државата.

ВМРО-ДПМНЕ ги отфрли уцените и ја отфрли тиранската платформа. ВМРО-ДПМНЕ и јавно соопшти дека нема намера да формира влада по секоја цена.

Заев е исплашен и нема храброст да го стори тоа.

Затоа СДСМ тоне, а граѓаните бараат одговорност.

Не дозволуваат Заев да си договара двојазичност, менување на банкноти, униформи, да си отвара дебати за химната, грбот и знамето и да го стартува процесот на кантонизација и федерализација.

Народот е на улица. Народот си ја брани државата. Македонија се буди“ се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ