ВМРО-ДПМНЕ: Заев не смее да игра „ол ин” и да се коцка со здравјето и животот на граѓаните

Од:

„Зоран Заев и СДСМ играат „ол ин” со здравјето на граѓаните. Зоран Заев и СДСМ се коцкаат со животот на граѓаните за да го ублажат поразот што им претстои.

Власта нема капацитет да се справи со епидемијата. Здравјето на граѓаните не е приоритет на Зоран Заев. Пандемијата предизвикана од вирусот Ковид-19  зема сè поголем замав. Показател за тоа се новозаболените лица, кои на дневна основа надминуваат бројка над 50.

Покрај рапидното растење на бројот на новозаболени, за жал, веќе неколку дена по ред бележиме и зголемена бројка на починати од коронавирусот“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Комисијата за заразни болести попушти под политичките притисоци од СДСМ. Желбата за лажно претставување на ситуацијата заради организирање предвремени парламентарни избори резултираше со енормно зголемување на бројот на новозаболени и починати. Катастрофата што ја гледаме е доказ за некадарноста и несериозноста на главната институција во борбата со вирусот.

Иако здравствените работници коишто се на првата борбена линија непоштедно работат за подобрување на здравствената состојба во државата, сепак, кормиларот на бродот повеќе дејствува политички, отколку во насока на подобрување на ситуацијата во којашто се наоѓаме.

Мора темелно да се размисли и да се донесуваат суштински решенија во кои евентуалната грешка би требала да се сведе на минимум, а не да се играат политички игри на сметка на здравјето на граѓаните на Република Македонија.

Покрај здравствената состојба, која е примарен проблем во државата, лошите мерки кои се спроведуваа во здравството се одразија и на економијата. Економијата од ден во ден тоне сè подлабоко. Тие се штети кои тешко ќе се надоместат доколку владата не почне да размислува и дејствува во полза на народот, а не на нарачателот Зоран Заев и партиските соработници. Досегашното лошо раководење со здравствениот систем и економијата резултираат со задолжување на секое семејство за 1.500 евра. Тоа доволно укажува на тоа какви луѓе ја водат државата веќе три и пол години, особено во време на ваква пандемија која ја зафати целата држава.

На ваквото неработење ќе му дојде крајот, поради тоа што граѓаните заслужуваат стабилност и сигурност, а не да бидат оставени сами на себе.

ВМРО-ДПМНЕ е различно од СДСМ. Со СДСМ и Заев добивме хибриден режим, неспособност, криминал и сиромаштија“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Државата е во хаос заради ДУИ и нивните измеќари од СДС

Мисајловски: За да направиме историска победа за Македонија, ни треба поддршка од целиот македонски народ

(ВИДЕО) Мицкоски: СДС и ДУИ неколкумина од власта се граѓани од прв ред, а сите други од втор ред

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Мицкоски и ДПМНЕ немаат план ниту визија, со нив нема членство во ЕУ

ВМРО-ДПМНЕ: СДС ја фрли државата во хаос, ова не е Македонија која ја сака народот

ДУИ: Сакале или не СДСМ и ВМРО, идниот претседател ќе се избира во Собранието

Катерина Ѓуровски