ВМРО-ДПМНЕ: Заев не само што лажеше дека прв го пријавил случајот, туку и застанал на патот на правдата

Од:

Зоран Заев е повторно фатен во криминал. Секој ден се повеќе се гледа неговата улога во рекет. Со секој изминат ден се потврдува дека тој е главата на криминалниот октопод, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

„Записникот од исказот на еден од сведоците во случајот „Рекет“ потврдува дека Заев ја попречувал истрагата за случајот, со тоа што второосомничениот Зоран Милевски го известил дека сведокот го пријавил рекетот во обвинителството. Заев не само што лажеше дека прв го пријавил случајот, туку и застанал на патот на правдата и на страна на рекетарите. Овој исказ е доволен Заев да биде повикан на распит во обвинителството.

Аболицираниот Заев е на чело на оваа рекетарска банда, единственото прашање кое остана неодговорено е колкав дел од колачот земал тој, односно колку милиони од скапите чанти завршиле во неговата канцеларија на Илинденска бб.

Паничните реакции на главата на октоподот и обидите за цензурирање на медиумите нема да успеат. Македонската јавност го гледа криминалното лице на Зоран Заев. Рускоска по ваквиот исказ на сведокот, најмалку што требала да направи е да го повика Зоран Заев да даде исказ во обвинителството, но наместо тоа Рускоска по стапките на Заев се закани на медиумите кои го објавија овој документ.

Со ова Рускоска докажува дека е соучесник во криминалниот октопод на СДСМ.

Правдата ќе биде задоволена, а вистината ќе победи. Деновите на Заев во премиерската фотелја се избројани. Со секоја негова панична изјава, тоне се подлабоко и подлабоко.“, се наведува во соопштението на партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: “Транспарентност“ по вмровски рецепт – ДПМНЕ предлага да платиш за да видиш кој го добил тендерот, итно да се повлече предлог-законот

Во ВМРО-ДПМНЕ на Извршен заклучиле дека СДСМ сака да ја сруши Алта банка

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски