ВМРО-ДПМНЕ: Заев наместо премиер, се однесува како шанер, од храбрење за стабилно мнозинство се сведе на приказни за широка влада само за да се спаси од одговорност

Од:

„Заев наместо премиер, се однесува како шанер, од храбрење за стабилно мнозинство се сведе на приказни за широка влада само за да се спаси од одговорност. Ако неговиот предлог е бегство од одговорност, тогаш треба да знае дека пактови со криминалци ВМРО-ДПМНЕ не прави и нема да има, ќе лежите во затвор.

Сето ова доаѓа откако беше присилен од јавноста и меѓународни фактори да го затвори, Заев сега го зема местото на Сашо Мијалков, со намера да управува како со марионети со оние како Тодоров кои во наводна смена во ВМРО-ДПМНЕ гледаат да одработат за Заев, само и само за лична корист“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Провидна е играта на Зоран Заев. Му се потрошија Мериот коалициите, различните доктори за смрт како што сами ги нарекуваа, а сега пробува директно да се меша и во ВМРО-ДПМНЕ. Оркестрираното делување со некои поранешни министри кои не се повеќе дел од ВМРО-ДПМНЕ покажува дека Заев стои зад различните иницијативи, мериотовски коалиции, се со цел да го покри неговиот страв.

Од вештачката радост за наводно мнозинство во Собранието на Македонија до молење за широка влада, зошто Зоран Заев знае дека владата ќе му падне.

Византиските игри на Заев не го спасуваат од пораз. Заев нуди широка влада, а Али Ахмети одбива, а во суштина договорени“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ