ВМРО-ДПМНЕ: Заев на митинг во автомобил од 100 илјади евра, а народот трпи за леб

Од:

„Заев на митинг во автомобил од 100 илјади евра, а народот трпи за леб. 100.000 евра, колку што чини новото возило на Заев, се пари со кои можат да се купат 2 нови болнички возила за лекарите да не ни ги носат пациентите во раце по планини“, велат ВМРО-ДПМНЕ.

„100.000 евра, се пари со кои може да се купи едно противпожарно возило за да не мора Јоцо Манго од Струмица да го вози Фапот стар над 40 години, а тие кои што го чекаат да се молат да заврне дожд и да го изгасне пожарот зошто возилото нема да дојде.

Заев за 100.000 евра колку што платил за новиот автомобил можел да набави 5000 таблети за учениците, и со тоа ќе имало насмевка на чицата на 5.000 дечиња.

100.000 евра колку што чини возилот на Заев се над 250.000 броја леб.

100.000 евра колку што чини новото возило на Заев се неколку операции за некои наши сограѓани кои собираат пари преки донации.

Ароганцијата на Заев е видлива. Надменоста со која гледа над народот ќе му се удри од глава. На 17 октомври народот ќе му го каже одговорот на прашањето што мисли додека тој нема леб да јаде Заев да се вози во луксузни лимузини“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски