ВМРО-ДПМНЕ: Заев може да бега од соочување со граѓаните , но не може да избега

Од:

„Кој има поголем капацитет да го забрза патот на Македонија кон ЕУ? Кој може да помогне земјава да ги достигне европските стандарди во разни области?

Дали Љубе Бошковски, осуден за незаконско финансирање на изборна кампања, човек кој повреди со огнено оружје новинари и гости на полициска вежба или професорот Хозе Караско од Кралскиот Универзитет „Хуан Карлос“ во Мадрид, Шпанија?

Дали има поголем капацитет естрадниот менаџер Зоран Башановиќ, кого српските медиуми го опишуваат како измамник кој бил апсен во САД за кражби по продавници или Јанко Баждавела кој што живее и работи во Њујорк, а има специјализација на „Квинс“ Универзитетот во Белфаст, бизнис школата во Париз, а моментално работи во „Коркоран Груп“ на висока позиција, компанија мултинационална која што има годишен обрат со повеќе од 21 милијарда долари?

Дали има поголем капацитет Силвио Аврамовски осудуван за вооружен инцидент или Проф. Д-р. Сашко Кедев, дописен член на Македонската Академија на Науките и Уметностите од 2015 година и визитинг професор на Универзитетот во САД, во државата Северна Каролина?

Дали има поголем капацитет Филип Андов Сокол, познат, пријавуван насилник или Проф. Д-р. Гордана Силјановска Давкова?

Дали има поголем капацитет за политики во културата Цветанка Ласкова или Игор Дурловски?

Дали има поголем капацитет Горан Стаменковски кој физички напаѓаше колешки во Основниот суд Скопје 1 или Сања Божиновска докторанд на Харвард универзитетот во САД?

Дали има поголем капацитет фестивалскиот водител Ѓорѓи Калајџиев или репрезентативецот Борко Ристовски?

Разликата е очигледна. Јасно е зошто овие три години Македонија стагнира, не е ништо изградено, а бројот на сиромашни се зголемува. Заев и неговите советници се способни само за криминал.

Разликата е очигледна и граѓаните ќе може да изберат на претстојните избори кој може да им обезбеди просперитетна иднина за нив и нивните потомци. Разликата е како црно и бело и тоа е причината поради што Заев и СДСМ се плашат од предвремени избори. Заев може да бега од соочување со граѓаните , но не може да избега. Претстои обнова на Македонија“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање