ВМРО-ДПМНЕ: Заев лажно ветуваше европска, а сега нуди Мини шенген Македонија

Од:

„Зоран Заев ги излажа граѓаните. Им ветуваше европска Македонија, а сега нуди Мини шенген Македонија. Мини шенген не може и не смее да биде алтернатива на членството во Европската Унија“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Македонија припаѓа на широкото европско семејство на држави и ваквите обиди на Заев да прикаже една мултилатерална соработка на балканските држави како огромен дипломатски успех е всушност дипломатски неуспех да се постигне целта членство во ЕУ.

Очигледно дека освен неуспесите на домашен план, власта на Заев се соочува со пораз и на меѓународен план. Четири години безочно ги лажеше граѓаните за македонските евроинтеграции, бараше алиби и виновници во други, за сега да заврши во Мини шенген.

Македонија стана заложник на криминалот и корупцијата на Заев и неговата неодговорна политика и се дури е Заев власт, Македонија нема европска иднина. Четири години власт на Заев се четири украдени и упропастени години за граѓаните“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ