ВМРО-ДПМНЕ: Заев ќе одговара за злосторничкото здружение кое го формираше

Од:

„СДСМ е синоним за криминал во Република Македонија.

Се што прават челниците на партијата водена од аболицираниот криминалец Зоран Заев е обид за изигрување на законот.

Поранешниот новинар Мухамед Зекири донирал 180.000 денари за кампањата на СДСМ, набргу по вработувањето во партијата. Откако стана политичар Зекири на својот анкетен лист пријави подновување и со нов џип и купување на нов стан. Сето тоа Зекири успеа да го постигне со платата од 500 евра која Заев му ја даде за да не останел без денар на улица, како што јавно се пофали аболицираниот криминалец.

Петре Шилегов донирал 3 пати помалку од Зекири за СДСМ, но затоа пак успеал да заштеди повеќе и за 2 години борејќи се со режимот се стекнува со три нови станови. Во меѓувреме сеуште молчи и не соопштува дали тој е новата Радмила Шекеринска која сама на себе си издава станови за 5.000 евра, како што упатуваат сите индиции околу договорите кои во име на неговото адвокатско друштво си ги склучува сам со себе, за консултации, кирија и трошоци.

Невработениот студент Ивана Туфекџиќ донираше 118.000 денари за СДСМ, додека во исто време великодушно одработуваше за партијата на улица глумејќи независен студентски активист. Не само што Туфекџиќ докажа дека не е независен активист, туку и парите во висина од 40 студентски стипендии оваа невработена студентка не ги донираше на студентските движења и организации, туку на аболицираниот криминалец Зоран Заев.

Народот на 11-ти декември порача дека не сака да биде воден од криминалци. Затоа речиси половина милион Македонци му кажаа не на СДСМ и неговите криминални и деструктивни сценарија.

Зоран Заев ќе одговара за злосторничкото здружение кое го формираше и кое има за цел да ја раскрчми Македонија“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Трендафилов призна дека СДСМ и Левица стојат зад протестите на ССМ

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Случајот со планот за насилно преземање на болницата Жан Митрев е доказ за тоа како Филипче и Заев ги користеле државните институции за лични интереси

Стojаноски: Али и Венко додека беа на власт другаруваа правејќи криминални шеми, а сега се здружени против безбедноста и животите на граѓаните

Обвинителката Ленче Ристоска поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ