ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Спасовски ја пропаднаа државата, МВР не издава лични карти, пасоши и регистарски таблички на граѓаните

Од:

„Оливер Спасовски беспрекорно брзо издаваше пасоши на криминалци, а граѓаните се потешко доаѓаат патнини исправи и регистарски таблици.

Спасовски наместо во служба на народот очигледно е само во служба на мафијата.

Откако на сомнителен тендер, со многу жалби и нарушување на постапката, беше одлучено набавката за набавка на регистатски таблици да се додели на фирма која не располага со сертификат од Меѓународно акредитирана лабораторија, кој потврдува дека регистарската табличка е во целост усогласена со меѓународните стандарди, таблички за возила нема“, велат ВМРО-ДПМНЕ.

„Иако Оливер Спасовски упорно ја лаже јавноста дека сите станици за технички преглед имаат добиено таблички за регистрација, ситуацијата на терен е сосема поразлична.

И ако издавањето на лични документи за светските криминалци одеше беспрекорно, граѓаните се потешко доаѓаат до пасош или лична карта.

Колапс во најава имаме и на систем за издавање на лични документи и тоа во очи на сезоната на летни одмори кога интересот за вадење документи е голем, а дополнително се очекува истиот да се зголеми со враќањето на иселениците.

Пред просториите на управните служби во Скопје, колони луѓе чекаат за вадење на лични документи, на голем број луѓе им се поместени термините, а голем број преку ред се обидуваат да добијат термин бидејќи и закажувањето преку телефон оди со тешкотии и речиси е невозможно да се добие слободна линија на бројот за закажување.

Хаосот со кој се соочуваат граѓаните не допира до Спасовски кој упорно тврди во јавноста дека проблем со издавање на документи и таблички нема.

Спасовски да ги зајакне и екипира секторите и одделенијата кои пружаат основни граѓански услуги, изминативе 6 години за повеќе од тројно е зголемен бројот на негови советници и лица со измислени функции во МВР, со што само се вдомени партиски поддржувачи и ПР активисти. Граѓаните и нивната потреба од важечки личен документ, регистерска табличка или било каква дозвола која ја издава МВР е тотално небитна за Оливер Спасовски.

Спасовски да си ја врши работата за која е платен од граѓаните. Народот не е должен да ја трпи неспособноста на СДСМ.

4 години Заев, 4 години изгубен живот. Доста е!“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик