• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и СДСМ знаат само за притисоци и уцени врз критичките медиуми и новинари

by А1он27/09/2019 - 09:45125
Share0

„Зоран Заев и СДСМ се фатени во криминал до гуша. Затоа се извадени од памет од медиумите кои се храбри да известуваат за злоупотребите на власта. Затоа се обидуваат да ги заплашат и премислат во намерата критички да ги опсервираат злоупотребите на власта.

Добивај вести на вибер

Зоран Заев и СДСМ знаат само за притисоци и уцени врз критичките медиуми и новинари.

Вчера од страна на МВР и ОЈО а по директен диктат на СДСМ и Заев се спроведе диктатура и режим.

МВР и ОЈО по наредба на Оливер Спасовски и Зоран Заев вршеа претрес во Нет Пресс само поради објава на скандал каде што има сомнеж за сериозен криминал од страна на висок функционер од Владата на СДСМ. Тоа го изведоа додека медиумите протестираа пред ОЈО против притисоците врз новинарите и медиумите.

Со ваквиот чин, ОЈО, СДСМ, Заев и Спасовски вршат директен напад врз слободата на медиумите и правото на јавноста да се информира.

Кривичните пријави и политичкиот прогон против уредникот на Инфомакс Александар Митовски, новинарот и уредникот на Лидер, Љупчо Златев, против новинарот Горан Момировски и телевизија Алфа се јасен показател дека власта се плаши од вистината и од правдата во Република Македонија.

Кривични пријави, закани, уцени врз новинарите и медиумите имаат за цел да ги заплашат и замолчат новинарите и да ја задушат критиката во медиумите. Со тоа власта сака да ја спречи јавноста да се информира за важни случувања во Република Македонија“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Но, СДСМ мора да знае дека колку повеќе го зголемува притисокот врз својот народ и медиумите, толку повеќе и погласно ќе излегуваат на виделина сите нејзини криминали и коруптивни скандали.

ВМРО-ДПМНЕ ги охрабрува новинарите и медиумите да не се плашат и да не дозволат притисокот од власта на СДСМ да ги заплаши.

ВМРО-ДПМНЕ апелира до власта и до СДСМ, веднаш да престане да врши политички прогон врз медиумите и новинарите и да им дозволи професионално и непристрасно да си ја вршат работата.

Граѓаните во Македонија имаат право да ја дознаат вистината за криминалните скандали на Заев и СДСМ и затоа гласноста на народот и јавноста ќе ги победи молкот и цензурата на власта.
Прогонот врз новинарите и медиумите, како и затскривање на вистината ќе бидат совладани, кога најголемиот лажго Зоран Заев ќе стане минато и ќе си замине од власт“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

dpmne

Би можело да ве интересира

Стojаноски: Али и Венко додека беа на власт другаруваа правејќи криминални шеми, а сега се здружени против безбедноста и животите на граѓаните

Катерина Ѓуровски25/01/2026 - 11:56

Обвинителката Ленче Ристоска поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски22/01/2026 - 12:38

Филипче: Мицкоски политиката ја сведе на таблоид, со лажни афери ги прикриваат грабежот и неспособноста

Катерина Ѓуровски21/01/2026 - 13:42

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

Катерина Ѓуровски14/01/2026 - 12:32

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски12/01/2026 - 11:4412/01/2026 - 13:52

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски17/12/2025 - 14:2717/12/2025 - 14:45
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен