ВМРО-ДПМНЕ: Заев и СДСМ лажеа во минатото, лажат и сега

Од:

„Зоран Заев и СДСМ шират лажни вести, откако не успеаја да добијат датум за преговори и уништија децениски стара препорака ја манипулираат јавноста со речник и зборови кои воопшто не се кажани од претседателот Христијан Мицкоски. Зоран Заев и СДСМ првин ветија, па не остварија добивање на датум за почеток на преговори со ЕУ.

Зоран Заев и СДСМ ветија и не остварија 600 километри нов автопат. Зоран Заев и СДСМ ветија и не остварија 500 евра плата. Зоран Заев и СДСМ ветија и не остварија економски раст од 5%. Зоран Заев свесно ја лажеше јавноста. Зоран Заев ширеше лажни вести само за да дојде на власт.

Лажни вести беа и ветувањето дека ќе го продаде владиниот мерцедес и ќе купи болнички возила со парите од продажбата, како и фамозниот бројчаник кој откуцувал до 5 милијарди. За сега 5 милијарди да откуца долгот на државата. Зоран Заев и СДСМ лажеа во минатото лажат и сега“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ