ВМРО-ДПМНЕ: Заев и СДСМ ги лажат граѓаните, Заев и СДСМ треба да си заминат

Од:

„Зоран Заев е најголемиот измамник. Зоран Заев три години ги лажеше граѓаните дека е промашена трасата на автопатот Кичево – Охрид. Благој Бочварски призна дека Заев лажел. Трасата не била промашена, патот не е мрднат од мртва точка заради неспособноста на СДСМ, а има нови анекси на договорот тешки 200 милиони евра.

Зоран Заев ги лажеше родителите на убиените деца од Смилковско езеро. Во моментов и тие што беа осудени се на слобода. Никој не одговара за грозоморното злосторство.

Зоран Заев ги лажеше граѓаните за смртта на Никола Младенов. Нема нова истрага, нема никаков сомнеж за неговите тврдења дека не станувало збор за сообраќајна незгода“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Зоран Заев ги лажеше граѓаните дека ќе го продаде владиниот Мерцедес и дека ќе купи амбулантни возила. Зоран Заев и високите државници кои доаѓаат во Маледонија се превезуваат во мерцедесот, а наместо возила за итна медицинска помош, Заев си купува хелихоптери.

Зоран Заев ги лажеше граѓаните дека ќе ги зголеми пензиите. Пензиите не ги зголеми.

Зоран Заев и СДСМ ги лажат граѓаните. Зоран Заев и СДСМ треба да си заминат. Не им поминуваат лагите на Заев и СДСМ повеќе.

По 12 април следува обнова на Македонија со ВМРО-ДПМНЕ“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ