ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Русковска обвинителството немаат интерес да се расчисти „Рекет“

Од:

„Зоран Заев и Русковска обвинителството немаат интерес да се расчисти аферата „Рекет“. Напротив, Заев и Русковска имаат интерес случајот да се затвори на начин што ќе се избришат трагите кои водат кон главата на октоподот.

Затоа шест месеци не се постапуваше против Фросина Ременски. Затоа таа и сега е оставена на слобода. Нема поголем доказ за соработката меѓу Заев, Русковска и Ременски од фактот дека Фросина Ременски ќе одлучува за законот за јавно обвинителство, закон од кој зависи работата на Вилма Русковска која ја гоко Ременски“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„Дополнително, ако Јовче Ременски како висок функционер во УБК се дрзна да се заканува на социјалните мрежи, што ли може направи сега кога неговата сопруга е во домашен притвор и обвинета за криминален скандал?

Тој може директно да влијае на работата на оперативците за да излезе во интерес на својата сопруга.

Не може да не се доведе во прашање користењето на информации и потенцијалната злоупотреба на истите за влијание во истрагите на органите. Затоа тој мора да биде суспендиран од своите работни надлежности.

Власта и институциите да не си играат држава, туку да го почитуваат Законот за класифицирани информации. Тој предвидува дека освен лицата кои поседуваат безбедносен сертификат од највисок степен, во оперативните проверки се проверуваат и членовите на потесното семејство.

Не само што Јовче Ременски е потенцијален ризик за истрагата на случајот „Рекет“, туку Дирекцијата за класифицирани информации и Агенцијата за национална безбедност не смеат да дозволат брачен другар на обвинет во коруптивен скандал да поседува безбедносен сертификат.

Компромитирачки е фактот дека во собранието обвинетата пратеничка на СДСМ Ременски е вклучена во работата на телата кои одлучуваат за закони од областа на безбедноста, како и за Законот за јавно обвинителство.

Институциите да не спијат туку веднаш да истражат дали Фросина Ременски преку својот сопруг злоупотребувала информации од полициските служби и дали истите биле користени во случајот „Рекет“. Да се направи проверка дали нејзиниот сопруг бил вклучен во дејствијата кои што таа ги превземала, а се поврзани со Меѓународниот сојуз и кривичното дело за кое што обвинителството ја товари.

Секој што ќе постапува надвор од законот, без разлика дали му наредил Заев или друг функционер близок до Заев, ќе сноси одговорност за незаконското работење, штом ќе се врати правната држава.

На Македонија и претстои обнова“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање