ВМРО-ДПМНЕ: Заев и раководството на СДСМ се во близок контакт и соработка со криминалци

Од:

„СДСМ е дувло и синоним за криминалот.

Аболицираниот криминалец Зоран Заев и злосторничкото здружение во раководството на партијата го претворија СДСМ во партија на подземјето и промотор и заштитник на се што е незаконско и криминално.

Заев и раководството на СДСМ се во близок контакт и соработка со криминалци како Захир Бекири-Чауш кој им служеше за фалсификување пасоши и банкарски налози во Фабриките за афери на СДСМ, со близнаците од Ѓорче осомничени за обид за убиство и повеќекратни осуденици, братот на Јане Тица, Зоран Верушевски, јатаците на терористите во Диво Насеље и уште многу други.

Зоран Заев и неговите најблиски соработници се дружат со други криминалци и размислуваат како криминалци. Кога некој од нивните соработници ќе биде уапсен како дилер на кокаин, СДСМ им се заканува на новинарите кои известиле за апсењето на овие криминалци.

Освен заканите кон новинарите, Заев и СДСМ молчат и не одговараат на прашањата кои ја интересираат јавноста.

Дали аболицираниот криминалец Заев знаел дека неговите соработници со години уништувале животи земајќи ги во вителот на дрогата и дали чувствува барем морална одговорност?

Дали овие криминалци биле сигурни во себе дека нема да одговараат заради тоа што СДСМ раководеше со МВР? Дали позадински овие дилери на дрога се чувани од структурите на Оливер Спасовски или пак Примислав Димовски? Се познавал ли притворениот Сеад Рахиќ со нив и дали му помагале?

Дали Заев или некој од врвот на СДСМ имале директен бенефит земајќи пари од бизнис со дрога за поддршката и заштитата која им е давана на нарко-групата од безбедносните структури на СДСМ?

Ниту една јавна закана на Заев и функционерите на СДСМ кон новинарите нема да го спречи излегувањето на виделина на вистината. Јавноста има право да знае за криминалите на луѓе поврзани директно со врвот на СДСМ. Јавноста има право и да дознае што сака да сокрие Зоран Заев.

Местото на криминалците не им е во политиката, туку во казнено-поправниот дом Идризово. Затоа речиси половина милион Македонци го осудија на пораз СДСМ и неговите криминални и деструктивни сценарија“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски