ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Пендаровски не добија датум за почеток на преговори во јуни

Од:

„Република Македонија повторно извиси, Заев и Пендаровски не добија датум за почеток на преговори во јуни оваа година.

Заев и Пендаровски ги лажат граѓаните цела година дека во јуни ќе почнат преговорите за влез во ЕУ. Заев и Пендаровски добија ладен туш.

Во ЕУ не се оди со криминалните шеми – „евро за црквата, евро за Вицето“.

Во ЕУ не се оди со нереформирано судство и обвинителство, кое суди по принципот Заев кажува, Русковска обвинува, Кацарска пресудува.

Во ЕУ не се оди со партизирана администрација наполената со роднини на функционерите на власта. Мира Дизел вработувањата не се европски стандард.

Во ЕУ не се оди со руинирано здравство, девастирано земјоделие и лошо образование.

Во ЕУ не се оди со јавен долг кој галопирачки за една година порасна за над половина милијарди евра.

Во ЕУ не се оди со 0 оценка за стопанството.

Во ЕУ не се оди со криминални тендери во четири очи кои ги добиваат партиски послушници.

Во ЕУ не се оди со рекет на бизнисите и пљачкање на граѓаните.

Глас за Пендаровски е глас за Заев. Глас за Пендаровски е глас за пропаст на државата.

Република Македонија мора да тргне напред. Република Македонија мора да стане правна држава, каде ќе владее правото. Гордана Сиљановска Давкова е претседател кој ќе ги донесе промените. Глас за Сиљановска е глас против Заев и криминалите на Заеви. Глас за Сиљановска е глас за просперитетна иднина“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски