ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Пендаровски ги презадолжија граѓаните и идните генерации

Од:

„Зоран Заев и Стево Пендаровски се исти 102.5%. Заев и крими картелот околу него секојдневно ги ограбуваат граѓаните. Заев го зголеми бројот на граѓани кои живеат под прагот на сиромаштија од 400.000 на 500.000. Заев ветуваше подобар стандард. Заев излажа. Пендаровски лаже исто како Заев.

Економијата две години тоне. Стандардот на граѓаните секој месец е се помал. Јавниот долг на Република Македонија откако е дојден Заев на власт е зголемен за над половина милијарда евра. Заев ветуваше намалување на јавниот долг. Заев излажа.

Пендаровски и Заев се исти 102.5% и Пендаровски лаже исто како и Заев. Секој месец власта во изминативе две години ја задолжува државата за над 20 милиони евра.

Заев и Пендаровски ги презадолжија граѓаните и идните генерации, а ниту една капитална инвестиција не е направена. Економијата е на дно, а развој воопшто нема.

Република Македонија нема потреба од нов Зоран Заев. Република Македонија има потреба од чесен претседател како Гордана Силјановска Давкова“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање