ВМРО-ДПМНЕ: Заев и неговите пајташи беа фрлени на криминал, додека Македонија три години тонеше

Од:

„Власта на Заев стана синоним за криминал, корупција и рекет. Македонија со Заев стана најкорумпираната држава во Европа. Милиони евра изрекетирани пари беа носени во Луј Витон чанти.

Директор именуван од Заев, цела јавност го виде како става снопчиња со пари во својата чанта. Постојат сведоштва дека изрекетираните пари завршиле кај Зоран Заев, а исто така се тврди дека Мила Царовска, Александар Кирацовски и други високи функционери на СДСМ посредувале и ја помагале операцијата Рекет во Македонија. Целата јавност слушна дека рекетари палеле возила и се заканувале со знаење и дозвола на Вице Заев“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Власта на Заев знаела, го штитела, а веројатно и организирала криминалот во Македонија.

Заради тоа што заев и власта беа фрлени на криминал Македонија секој ден тонеше се повеќе и повеќе.

Граѓаните не ги заслужуваат овие погубни политики на СДСМ и Заев. Граѓаните заслужуваат многу подобро“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски