ВМРО-ДПМНЕ: Заев и неговата неспособна Влада немаат ниту знаење, ниту капацитет да ја развиваат економијата

Од:

Економијата тоне со СДСМ. Во недостиг на конкретна развојна стратегија и економски политики кои ќе го зголемат животниот стандард на македонските граѓани, Заев и Анѓушев го претставуваат за успех растот на БДП кој е привид и последица на ниската стапка во истиот квартал лани, реаги ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на Костадин Ацевски од СДСМ, преку соопштение.

„Имено привидот дека имаме огромен раст од 4,1% во првиот квартал од 2019 година е резултат на фактот што лани во истиот квартал стапката на раст беше исклучително ниска – 0,9%. Стапката на економски раст за секој квартал се мери споредбено со истиот квартал од претходната година.

Фактите се спротивни од тоа што го говори Владата. Исклучително нискиот раст на преработувачката индустрија од 3% покажува дека мерките што оваа влада ги насочува кон приватниот сектор и индустријата преку т.н. План за економски раст не даваат некој посебен придонес за подобрување на конкурентноста и вкупниот економски раст на земјата. Напротив, видовме дека тие пари завршуваат во нивни или блиски до нив фирми. Тоа е причината зошто само Заев и Анѓушев се среќни со бројките додека македонските граѓани тонат во сиромаштија и очајно се иселуваат од државата.

Додека сите овие години објаснуваа дека поддршката на земјоделието и градежништвото од страна на претходната Влада на ВМРО-ДПМНЕ се погубни политики за македонската економија, денес гледаме како се фалат со придонесот токму на овие два сектори како главна причина за економскиот раст во овој квартал.

Заев и неговата неспособна Влада немаат ниту знаење, ниту капацитет да ја развиваат економијата. Нема нови градинки, нема нови училишта, нема нови спортски сали, нема нови проекти кои ќе го подобрат квалитетот на живот на македонските граѓани. Метлата мора да заигра за целата власт.“, се наведува во соопштението на партијата.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ