ВМРО-ДПМНЕ: Заев и криминалната хунта во врвот на власта немаат капацитет за демократија

Од:

ВМРО-ДПМНЕ со писмено соопштение реагира на денешната изјава на премиерот Зоран Заев.

„Зоран Заев ја лаже македонската и меѓународната јавност. Во Република Македонија немаше фер и демократски избори. Изминативе избори беа најлошите некогаш спроведени во нашата држава.

Граѓаните видоа колку беа демократски изборите кои ги спроведе Заев. Насилие, закани, уцени поткуп и полнење на кутии не се одлика на демократски избори.

Заев и криминалната хунта во врвот на власта немаат капацитет за демократија. Делувањето на Заев и криминалната хунта е во спротивност со европските вредности. За само 6 месеци колку што СДС е на власт во Република Македонија имаме убиства на политичари, убиства на луѓе на улица, закани, притисоци и уцени врз личности од јавниот и политичкиот живот и изборен криминал од невидени размери.

Заев нема кредибилитет да зборува за реформи во судството. Заев е единствен политичар во Европа кој на разни начини вршеше притисок врз судството и го одложуваше предметот „Поткуп“ каде јасно од видео снимка се гледа како бара поткуп од 200.000 евра.

Заев е единствен политичар во Европа, кој не го признава судот. Додека беше опозиција не ги почитуваше судските одлуки и го одбегнуваше истиот.

Заев може да спроведе само пресликување на системот на криминално владеење од Струмица во цела држава.

Заев има нула кредибилитет за реформи во разузнавачките служби. Заев е човекот кој со помош на Зоран Верушевски изврши пуч во државата и нелегално прислушкуваше и објавуваше монтирани разговори.

Заев не е за демократските вредности, кои се одлика на ЕУ. Заев е човек кој со криминал е дојден на власт, со криминал сака и да продолжи да владее на штета на македонските државни и национални интереси, кои од ден во ден ги загрозува“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Борозан: Власта да направи анализи на водата во цела држава и јавно да ги објави резултатите

Левица: Економскиот „успех“ на ДПМНЕ е само пропаганда – поскап живот, слаби инвестиции и 1,44 милијарди евра дефицит

ВМРО-ДПМНЕ: Во случајот во Ново Село не се инволвирани деца, туку возрасни луѓе на Заев, осудени насилници и наркомани

Горан Наумовски

Марков: Талогот Филипче е прочитана книга, жителите на Ново Село ја избираат политиката на резултати, а не политиката на тензии

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Со капитални инвестиции и реформи ја зајакнуваме енергетската стабилност на Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче денес обвинува за гостиварскиот случај, а молчеше кога беше министер за здравство

Горан Наумовски