ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Царовска промовираат социјалната нееднаквост и ќе ги дискриминираат децата

Од:

„Заев и Царовска промовираат социјална нееднаквост и ги дискриминираат децата. Над 25.000 деца немаат допир со компјутер тие не може да учат од интерактивни електронски учебници.

Катастрофална грешка е воведување само на електронски учебници. Тоа го нема во ниту една земја во светот, ниту во најразвиениете“, велат ВМРО-ДПМНЕ.

„Електронските учебници можат да бидат помагала, ама не и на нив да се базира наставниот процес во целост.

Наводната реформа на Царовска е за полнење на џебовите на поединци, а не за добро на децата.

Туркањето по секоја цена да се смени системот е насилие. Повлекувањето на законот и негово враќање со европско знаменце е силување на законите и злоупотреба на процедурата закони од значење за нашата ЕУ интеграција. Царовска сака само да спречи дебата, некој да профитира, а децата да се осакатат.

ВМРО-ДПМНЕ како прва работа што ќе ја направи по паѓањето на СДСМ од власт ќе биде враќање хартиениете учебници и поведување постапка за злоупотреба на службената положба и овластување на сите кои ги оштетиле децата, граѓаните и буџетот“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му