ВМРО-ДПМНЕ: Заев го ветувал и невозможното само за да дојде до глас повеќе

Од:

„На површина излегуваат сите лаги на Зоран Заев од предизборието во 2016 година. Зоран Заев го ветувал и невозможното само за да дојде до глас повеќе.

Ветувањето за вработување на 300 пилоти од Арачиново е жално и срамно. Да лажете луѓе од едно населено место дека само од нивното место ќе вработите 300 пилоти е врв на безобразие и поигрување со состојбата во која се наоѓаат луѓето притиснати од материјално егзистенцијални проблеми“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Колку е голема лагата на Заев гледаме и од фактот што 300 пилоти во Македонија немало од осамостојувањето па до денес.

За да бидат примени 300 пилоти тие треба да поминат обука и никој не може да гарантира дека сите 300 кои ја почнеле и ќе ја завршат обуката.

Срамни се лагите на Заев. Имајќи во предвид како лаже можеме само да претпоставиме колку нови лаги кои ги кажувал ќе излегуваат во иднина.

Зоран Заев нема повеќе кредибилитет пред никого во Македонија.

Зоран Заев мора да си замине“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му