ВМРО-ДПМНЕ: Заев го уништи кредибилитетот на институциите

Од:

„Граѓаните осиромашуваат и едвај врзуваат крај со крај во месецот, а Република Македонија тоне во корупција. Инвеститорите бегаат во регионот и ја заобиколуваат земјава. Македонија под власт на СДСМ е на дното на Европа по економски раст и корупција.

Економијата стагнира, кога на целиот континент е во пораст. Цените се качуваат, а стандардот на граѓаните е во пад.

Граѓаните живеат полошо од пред една година. Граѓаните на своја кожа ја чувствуваат неспособноста на СДСМ да менаџира со економијата. Економското цунами Заев – Тевдовски – Анѓушев, ја урнисаа македонската економија. 0% раст на БДП во 2017 година, 20% пад на градежништвото. Состојбата е катастрофална.

Условите во сите сегменти на економијата се лоши. Земјоделците, производители на раноградинарски култури се соочуваат со историски најниски откупни цени, произведеното наместо на пазарите завршува на депониите. Состојбата никогаш не била полоша.

Додека Република Македонија економски тоне и граѓаните се повеќе се соочуваат со немаштија, СДСМ се обидува да ја дефокусира јавноста со креирани политички случаи.

Десетина патриоти се жртви на политиките на СДСМ за дефокусирање на јавноста од реалните проблеми со кои се соочуваат граѓаните секојдневно. Обвинението за тероризам е целосно неосновано и надвор од секоја правна логика. Истото ги покажува двојните стандарди и лицемерието на власта, која од затвор ослободува веќе осудени за убиство, а по притвори неосновано и со законско прекршување влече граѓани чија единствена единствена „вина“ е што се политички неистомисленици на Зоран Заев.

Правниот систем е деградиран. Граѓаните повеќе немаат верба во правната држава. Заев го уништи кредибилитетот на институциите. Граѓаните не се чувствуваат сигурно. Оваа ненародна власт само дополнително ја влошува состојбата. Оваа власт мора да си замине. Граѓаните заслужуваат подобро“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Штерјова: Има пари за тендери нема пари за скопјани – таков Буџет 2026 предлага Георгиевски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: 100 милиони евра загуба – кој профитира од увозот на струја?

Горан Наумовски

СДСМ: Кризна состојба заради тендери – зошто навреме не е набавен мазут?

СДСМ: Поскапувањето на струјата е нов удар врз и така нискиот стандард на граѓаните

Горан Наумовски

СДСМ: Нов доказ за партизација – власта ја презема контролата врз обвинителството

(ВИДЕО) Цветановски: Економските работници ја „убија“ можноста од зголемување на минималната плата