ВМРО-ДПМНЕ: Заев го создаде најголемиот криминален октопод во регионот и Европа

Од:

„Случајот Рекет најдобро го покажува криминалното владеење на Зоран Заев и СДСМ. Не само што се рекетирале милиони евра, туку истата операција била директно штитена од страна на власта. Торбите Луј Витон јавноста ги виде како се изнесуваат, а постои и сведоштво дека рекетираните пари во Македонија завршиле кај Зоран и Вице Заеви.

Ова била сериозна операција во која безмалку целата власт била замешана. Постојат сведоштва дека Кирацовски и Царовска им помагале на извршителите на рекетот во текот на целиот криминал. Тие не биле сами во ова, туку поддршка давале и градоначалници, пратеници и други високи функционери на СДСМ. Целиот процес на рекетирање во Македонија не бил можен без знаење на врвот на власта“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Додека милионите завршувале кај луѓето блиски на Заев и СДСМ, Македонија тонеше од ден во ден. Народот осиромашуваше, а Заев создаде криминален октопод каков што никој во регионот и пошироко не видел.

Граѓаните не ги заслужуваат овие погубни политики на СДСМ и Заев. Граѓаните заслужуваат многу подобро“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ