ВМРО-ДПМНЕ: Заев го пресликува неговиот криминален бизнис модел од Струмица на територијата на цела Македонија

Од:

Македонската јавност гледа како поимот криминал ги доживува своите ѕвездени моменти за време на владеењето на Зоран Заев и картелот на власт.

Заев и картелот кој го води треба да и објаснат на македонската јавност како за една година успеа да го купи струмичкиот гигант „Герас Цунев“, по цена од обична гарсониера, како влегоа во милионскиот бизнис со марихуана и како токму нивните камиони превезуваат руда за потребите на „РЕК Битола“.

Зоран Заев го пресликува неговиот криминален бизнис модел од Струмица на територијата на цела Република Македонија. Принципот „едно евро за Вице“ станува карактеристика на работењето на оваа криминална власт.

Граѓаните излегоа масовно и недвосмислено кажаа дека се против криминалите на власта, тонењето на државата, стагнација на економијата и злоупотребата на институциите. Граѓаните на Република Македонија се спротивставија на неправдите и понижувањата од страна на власта и распродажбата на државните и националните интереси.

Република Македонија и нејзините граѓани заслужуваат подобра иднина и квалитетен живот за себе и идните генерации. Затоа мора веднаш да се расчисти со транзиционите политичари и да дојде една нова генерација на политичари кои размислуваат поинаку и ќе придонесат за доброто на граѓаните и државата.

ВМРО-ДПМНЕ бара предвремени избори заедно со претседателските, техничка влада 100 дена пред избори и претседател на ДИК по предлог на опозицијата. Само така ќе се креираат еднакви услови за фер избори.

Граѓаните ќе го победат криминалниот картел на Заев и ќе стават крај на неговото неславно и неспособно владеење со Република Македонија. Република Македонија заслужува подобро, граѓаните заслужуваат подобро“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

ВМРО-ДПМНЕ: Младите брачни парови и самохрани родители до 40 години ќе се ослободат од комуналии за да се реши станбеното прашање

ВМРО-ДПМНЕ: Богданци заслужува повеќе, после три мандати на Шапов, општината се соочува со сериозни предизвици

Мицкоски од Брвеница: На Македонија и требаат нови успеси, резултати и проекти, а не поделби, затоа во недела ве повикувам да го заокружите бројот 1

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара утеха во пласманот од четврто место во Брвеница додека СДС ја направи партија која слави порази

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Филипче и Заев се пазареле со бугарските власти за случајот со Ива Михаилова за да му се оддолжат на Радев?

Горан Наумовски