ВМРО-ДПМНЕ: Заев „го отвори правосудството како пупка“ по што десетици криминални тендери и грантови поминаа неказнети

Од:

„Вилма Русковска е олицетворение на неправдата во Република Македонија. Симбол на политичкиот прогон на неистомислениците на власта и синоним за амнестија на криминалот на Заев и врхушката околу него.

Со скандалозниот телевизиски настап Русковска уште еднаш ја потврди тесната врска со СДСМ и Заев.

Целата македонска јавност повеќе нема никакви дилеми зошто таа е омилената обвинителка на Зоран Заев и негов предлог за замена на Катица Јанева“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Русковска чекорејќи по стапките на Заев со ноторни лаги се обиде да изработи за власта. Правната држава Зоран Заев ја укина денот кога седна во владата и кога под целосна контрола го стави правосудниот систем во државата. Во првите неколку месеци од своето владеење си одработи амнестија за земање на поткуп од 200 илјади евра од струмички бизнисмен за потоа да го започне прогонот на оние кои први го кренаа гласот против оваа ненародна власт.

Заев „го отвори правосудството како пупка“ по што 10-тици криминални тендери и грантови поминаа неказнети, а општиот грабеж на народните пари продолжува и до ден денес. Со Русковска обвинителството неказнет ќе помине и рекетот, најголемата криминална афера во македонската историја, вториот октопод на СДСМ чија глава е токму Зоран Заев. Русковска од првиот ден прави се за истрагата да не стигне до главата на октоподот. Истата да се одолговлече, доказите да бидат уништени, сведоците заплашени. но одговорност ќе има.

После 12 април, ќе одговараат сите оние кои сториле криминал и се огрешиле пред законот, но ќе одговараат и оние кои наместо да го гонат се ставиле во одбрана на криминалот“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му