ВМРО-ДПМНЕ: Заев го мрази сопствениот народ, Македонија за него е предмет за тргување

Од:

„СДСМ тоне во криминалот, неспособноста и подлоста на Зоран Заев.Граѓаните видоа кое е неговото вистинско лице. Заев дрско ги навредува граѓаните. Заев е единствениот политичар во светот кој го пцуе својот народ.

Човек што го пцуе сопствениот народ, ги мрази своите сограѓани и се срами од своето потекло и своите корени“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Затоа Заев тргува со македонскиот идентитет и не му е свето ниту името, ниту историјата, ниту јазикот или културата. Македонија за него е пазар за богатење.

Заев признава дека прислушуваните материјали ги давал надвор од партијата со цел да уценуваат политички лидери. Заев признава дека контролира невладини организации и студентски движења. Признава дека го контролира компромитираното и рекетарско СЈО и дека уценува политичари со прислушкувани разговори.

Заев треба јавно да се извини за тешките навреди и пцости кон народот. Заев од Македонија направи хибриден режим и криминален пашалук.

Ако ова што го слушаме од Заев е само почеток има голема причина за загриженост кај Заев и СДСМ. Ќе стаса казна за сиот криминал кој го има направено. Заев ќе го стаса казна за навредите кон народот“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му