„Трет ден како нелегално избраниот претседател на Собранието не ги отстранува албанските знамиња од кабинетот. Сведоци сме дека освен знамињата на туѓа држава, кабинетот кој би требало да му припаѓа на легално избран претседател се претвара во штаб на ДУИ.
Тоа се последиците на антидржавната политика на Зоран Заев.
ВМРО-ДПМНЕ најостро ги осудува последните изјави на криминалецот Зоран Заев со кои ја оспорува посебноста на македонскиот народ и им дава аргументи на сите оние кои го негираат македонскиот идентитет. Зоран Заев во пракса покажува дека ја реализира неговата политика со која го обвини македонскиот народ дека имал валкано лице.
Криминалецот и патолошки лажго Зоран Заев со секој свој јавен настап ги загрозува националните и државните интереси на Република Македонија, го руши угледот на државата, а истовремено го негира и сопствениот народ. Последната скандалозна изјава го доведува во прашање идентитетот и посебноста на македонскиот народ, а од друга страна ги подрива и односите со соседна Србија, директно мешајќи се во нивните внатрешни работи.
Скандалозното интервју на криминалецот Заев во кое тој вели дека македонскиот и бугарскиот се еден народ е опасна теза која веќе почнаа да ја користат негаторите на македонскиот национален идентитет кои во неговата изјава гледаат потврда дека Македонците се дел од бугарската нација. Оваа опасна теза е во иста насока со ултранационалистичките кругови и со радост е поздравена од Божидар Димитров еден од најгласните кои со години ја оспорува националната посебност на македонскиот народ.
Толку од македонската жица на Зоран Заев. Тој се претвори во канал преку кој националистичките и негаторските кругови од соседството ќе ги истура сите антимакедонски тези.
Уште колку изјави треба да даде Зоран Заев, за членовите на неговата партија да сфатат колку опасна закана преставува овој уценет криминалец за иднината на суверена и унитарна Македонија. Останува едно прашање по чија насока Зоран Заев ги дава ваквите опасни и анти македонски изјави.
Истиот тој Зоран Заев во 2008-ма година јасно кажа дека треба да ја свиткаме кичмата во спорот за името со Грција и да го решаваме по урнек на грчките барања.
Зоран Заев исто така во Берн кажа дека треба да ги надминеме рамките на Охридскиот договор и директно да ги загрозиме унитарниот и мултиетнички карактер на државата и нејзиното претворање во бинационална.
Зоран Заев кажа дека ако треба за таа цел ќе го менуваме и Уставот, а и истовремено лицето на гордиот Македонец било грдо.
Зоран Заев јасно кажа дека се восхитува на кантонизацијата и федерализација и дека тоа е неговата визија како во иднина ја гледа Република Македонија.
Зоран Заев ја прифати Тиранската Платформа, која гледаме дека со големи чекори брза да ја реализира, со која Македонија ќе се прогласи како геноцидна држава.
И уште десетици и десетици други изјави и активности кои доаѓаат од овој лик со кои се рушат темелите на унитарна и суверена Македонија.
Непромислените изјави на Зоран Заев се директна закана и по стабилноста и по безбедноста на целиот регион. Овие изјави не само што удрија по Македонија, туку сериозно го подгреваат национализмот и шовинизмот на Балканот, а директно на штета на нашата земја.
Ова веќе е премногу сериозно за да се смета за гаф. Ова е разнебитување на Македонија кое Зоран Заев го спроведува по насока на некој сценарист кој не сака да постои Македонија. Ова веќе е јасна и присутна закана која ја гледаа и искрено и чесно членство на Социјал-демократскиот сојуз“ изјави Крсте Јовановски од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес конференција.